Јирген Клоп го враќа Стивен Џерард во Ливерпул?!

Новиот менаџер на ’Црвените’, Јирген Клоп остварил неколку телефонски разговори со поранешниот капитен на црвените Стивен Џерард кој моментално игра во САД.

klop1

Клоп сака одново да го види Стивен Џерард во Ливерпул, и верува дека присуството на поранешниот капитен во тимот ќе придонесе за подигнување на нивото на професионализам кај останатите играчи.

До овој момент Клоп и Џерард дискутирале само за можноста популарниот Стиви Џи да тренира со Ливерпул до 15 јануари, кога Англичанецот треба да се врати во САД и да ги започне подготовките со ЛА Галакси за новата сезона.

Но не се исклучува и можноста Стивен Џерард одново да го облече дресот на Ливерпул и да настапува како позајмен играч.

klop2

Ваквата зделка е малку комплицирана бидејќи ЛА Галакси во овој момент не сака да даде зелено светло за позајмица на Стивен Џерард, но работите можат да се променат во текот на следните два месеци.

Според последните информации Џерард е веќе во Ливерпул и тренира со првиот тим.