(ФОТО) Суперкомпјутер го одлучи освојувачот на Мундијалот во Катар – Трофејот останува во Европа!

Loading

Суперкомпјутерот, аналитички модел „Аналист“, ги предвиде шансите на репрезентациите кои учествуваат на претстојното Светско првенство во Катар.

Алгоритмот кој го симулираше целиот турнир на 1.000 различни начини, го прогласи актуелниот шампион Франција за главен фаворит.

Килијан Мбабе и компанија имаат 17,93% шанси да го освојат златото. Со тоа, заедно со Бразил и Италија, би биле само третата земја која успеала да го одбрани Мундијалот.

Сепак, Французите не се апсолутни фаворити на Мундијалот. Втор фаворит е Бразил на кој му се даваат 15,73% од шансите. На врвот е и Шпанија со 11,53%.

Следуваат селекциите на Англија (8,03), Белгија (7,90), Холандија (7,70), Германија (7,21), Аргентина (6,45) и Португалија (2,31).

фото: theanalyst.com