(ФОТО) Прославената фотографија на Ибра и Пике наполни 12 години – Ги фатија во моментите на нежност!

Поминаа 12 години откако познатата фотографија која е направена на паркингот пред стадионот на Барселона.

Златан Ибрахимовиќ и Жерар Пике беа фатени во момент на нежност. Двајцата стоеја блиску еден до друг, а во таа прилика Пике го држеше за рака Златан и го галеше по лицето.

Тогаш се проширија гласини дека постои можност Пике да е геј, иако штотуку почнал да се гледа со Шакира, со која раскинаа 12 години подоцна, односно пред еден месец.

Потоа и Ибрахимовиќ се соочи со непријатни ситуации, па новинарот го праша Златан дали е геј.

“Дојди кај мене дома и ќе видиш дали сум геј. Ако треба, ќе дојдам кај тебе. Донеси ја сестра ти”, наводно биле зборовите на Златан.

Пике изјави дека всушност тоа е честитката на Златан до Пике за автобиографската книга и дека фотографите го фатиле моментот на „нежност“.

„Јас сум многу приврзан човек и фотографот не фати во моментот кога го држев за рака Златан. Фотографот беше некој во капа за тренинг, тој не можеше да биде некој што работи за таблоидите…“ објасни Пике.

Кога фотографијата стана позната, мораше да реагира и Шакира, која не можеше да поверува дека еден поздрав предизвикал толкав метеж.

фото: Anders Lundqvist / Dagens Nyheter / NTB Scanpix