Жоао де Асис Мореира, инаку синот на бразилската фудбалска легенда Роналдињо, потпиша договор со Барселона.
Роналдињо пет сезони го носеше дресот на Барселона, освои исто толку трофеи, а ја зграпчи и Златната топка на ФИФА во 2005 година.
Синот на Роналдињо пристигна на почетокот на февруари од Крузеиро. Тој ќе игра во помладите категории, за селекцијата до 19 години и ќе биде стациониран во познатата Ла Масија.
Интересно, Роналдињо настапуваше за Гремио, големиот ривал на Крузеиро.
,Многу сум среќен и благодарен за можноста! Да живее Барса – изјави младиот Жоао Мендеш по потписот.
Роналдињо јуниор има 17 години, висок е 178 сантиметри, подобро ја користи десната нога и игра како напаѓач, иако може да игра и улога на офанзивен играч за врска.
🔴 ¡¡Ya es oficial!! 🤙 https://t.co/7GrWjAHvIB
— MARCA (@marca) March 2, 2023
Шпанските медиуми пишуваат дека Жоао Мендеш е сличен на својот татко, дека е многу вешт со топката. Роден е во 2005 година, истата година кога неговиот татко ја освои Златната топка.
Ова е втор професионален договор за Роналдињо Јуниор. Првпат потпиша на 14 години, за Крузеиро. Тој пристигна во Барселона на експресно барање на претседателот Жоан Лапорте, кој во клубот го донесе и неговиот татко.
Младиот беше на проба во Барса од 15 јануари и на крајот заработи договор.
,,Овој дете може да стане одличен фудбалер – рече еднаш Лапорта кога зборуваше за Роналдињо Јуниор.