(ФОТО) Овој Ф1 возач зема лопата во рака и чистеше улици во Италија!

Loading

Челниците на Формула 1 пред ја откажаа Големата награда на Емилија-Ромања, на легендарната Имола изминатиот викенд.

Причината се страшните поплави кои го зафатија тој италијански регион, однесоа повеќе животи и оставија огромен број луѓе без покрив над главата. Еден од возачите се истакна по своето однесување во тие тешки моменти.

Раководството на Формула 1 упати препорака до тимовите што поскоро да го напуштат погоденото подрачје. Членовите на тимот AlphaTauri беа еден од нив.

Нивното седиште се наоѓа во Фаенца, град кој се наоѓа во тој регион. Како и во Имола, така и таму имаше проблеми.

Јуки Цунода, 23-годишниот јапонски возач на Алфа Таури, не само што можеше да ги набљудува овие проблеми, туку отиде на лице место да помогне колку што можеше во тој момент.

Твитер профилот на Формула 1 ја објави неговата фотографија, а на неа се гледа како со лопата во рака вади вода и чисти кал од улицата.

Цунода сезонава освои два бода во трките во Формула 1, но со овој потег доби голем број обожаватели кои го фалат неговиот потег.

„Возач на денот“, „Честитки“, „Моја почит“, „Убав гест“… се дел од коментарите под објавата.