Според оваа НБА легенда ова е најдобрата Европска петорка што играла во лигата на сите времиња!

Loading

Прославениот НБА кошаркар, Ајзеа Томас ја избра најдобрата НБА петорка од европскиот континент на сите времиња.

Во неа се: Дирк Новицки, Тони Кукоч, Дражен Петровиќ, Владе Дивац и Пеџа Стојаковиќ.

– Пеџа – одличен стрелец, тројкаш. Тој и Петровиќ се двајцата најдобри стрелци кои некогаш ја играле оваа игра. Двајцата се одлични кошаркари со добра работна етика “, го опиша Томас Стојаковиќ и додаде за Дивац:„ Од гледна точка на додавање, тој и Тони се најдобрите додавачи што некогаш играле во НБА. Вешт за својата висина, но исто така и многу борбен.

Томас е поранешен НБА кошаркар, тренер и функционер, а денес коментатор и аналитичар на американската телевизиска мрежа ТНТ.