Фабрегас пред сензационален трансфер во Реал Мадрид!

Loading

Цеск Фабрегас е многу блиску пред враќање во шпанската Примера, бидејќи се очекува да потпише договор со Реал Мадрид.

фабрегас

Фабрегас не настапи за Челзи на првиот дуел од против Вест Хем, а целиот натпревар го преседе на клупата за резервни играчи.

Менаџерите на Фабрегас оствариле првични разговори со претседателот на мадридскиот клуб Флорентино Перез на кого му се допаднала идејата за евентуалниот трансфер.

Доаѓањето на Фабрегас во Реал ќе значи и сигурно заминување на Џејмс Родригез, фудбалер за кого интерес пројавува ПСЖ.

Се шпекулира дека Реал Мадрид за Фабрегас ќе плати 45 милиони евра на клубот од Стемфорд Бриџ.