Евробаскетот 2017 ги доби сите учесници, Македонија ќе ја нема!

Loading

Познати се сите репрезентации кои се пласираа на Евробаскетот 2017 година.

фиба лого 2017

Квалификациите за пласман на Европското првенство во кошарка, кое ќе се игра наредната година и официјално завршија.

На собирот на најдобрите европски селекции ќе ја нема Македонија која ја прекина успешната низа од 4 последователни учества на континеталните првенства.

Репрезентациите на Германија, Полска, Исланд, Грузија, Велика Британија и Украина, во последното коло обезбедија место на ЕП.

Претходно тоа го направија Русија, Белгија, Унгарија, Црна Гора и Словенија.

ЕП наредната година ќе се игра во четири држави кои автоматски изборија пласман Турција, Романија, Израел, Финска, а од минатиот шампионат се квалификуваа Шпанија, Литванија, Србија, Франција, Хрватска, Чешка, Грција, Летонија и Италија.

Европското првенство ќе се игра од 31. август до 17. септември, а завршницата ќе биде во Турција.

Титулата ја брани Шпанија.