Видео: Розберг победи во Сингапур и стана нов лидер во Формула 1!

Возачот на Ф1 тимот на Мерцедес, германецот Нико Розберг, стигна до 8-та сезонска победа, откако триумфираше на трката за Големата награда на Сингапур.

розберг1

Розберг до победата на патеката „Марина Беј“ стигна пред Рикардо од Ред Бул и клупскиот колега Луис Хамилтон.

Германецот со оваа победа повторно се врати на челната позиција во генерланиот пласман.

Тој има осум бодови повеќе од актуелниот шампион Луис Хамилтон.

розберг2

Британецот ја доби тактичката војна со Кими Раиконен и на крајот ја освои третата позиција пред возачот на Ферари.

Петтото место му припадна на Себастијан Фетел, кој трката ја стартуваше од последнатта позиција.

Бодови во Сингапур уште освоија Ферстапен, Алонсо, Перез, Квјат и Магнусен.

розберг

Следната трка во Формула 1 ќе се вози на 2.октомври во Малезија.