Добра вест за фановите на Голден Стејт – Кога се враќа Клеј Томпсон на терените?

Loading

Во подкаст посветен на Голден Стејт Вориорс, Ентони Слејтер од Атлетик зборуваше за своите наоди за Клеј Томпсон и неговото враќање на паркетот.

Тој вели дека засега Вориорс го држат подалеку од очите на јавноста, но дека многу тренира со контакт.

Проблемите на Клеј започнаа во 2019 година. Во финалната серија со Торонто Репторс, најдобриот стрелец на Вориорс ги повреди предните вкрстени лигаменти на коленото.

Веднаш потоа тој го продолжи договорот со тимот на уште пет сезони, но оттогаш се уште нема настап на ниту еден натпревар.

Беше опериран и повторно се повреди за време на опоравувањето. Овој пат го скина лигаментот на Ахиловата тетива.

„Слушнав дека правел некои тренинзи два на два со контролиран контакт. Очекувам за неколку недели да се врати на тренинзите и дека целта е да игра некаде кон средината на декември. На 25 ноември ќе се наполни една година од операцијата на Ахиловата тетива. Тој тогаш рече дека нема да се врати следната година. Мислам дека ќе биде на теренот најрано кон средината на декември, но нема да им пречи ако го стават во јануари“, изјави Слејтер.

Тој додаде дека Томпсон ќе биде одличен на шутот за три поени веднаш и дека таму нема да има никакви проблеми.

Зборуваше во подкастот за иднината на Вориорс, како и за потенцијалниот трејд на Бен Симонс.

Вориорс предводени од Стеф Карји имаат скор од 5-1 на почетокот на сезоната, а само Јута е единствената екипа пред нив на Западот.