Првиот тениски светски рекет Новак Џоковиќ избори пласман во финалето на тенискиот мастерс турнир во Синсинати, откако по голема борба во три сета го победи Украинецот Александар Долгополов со 4:6, 7:6, 6:2.
Џоковиќ само на овој мастерс нема освоено ниту една титула, а со победата над Долгополов се избори за своето петто финале на овој турнир.
Ноле против Долгополов се наоѓаше пред елиминација, се до тај брејкот на вториот сет кога неговата игра не функционираше, но сепак успеа да се извлече и да забележи победа.
Џоковиќ, вечерва ќе се бори за својата 25-та титула на турнирите од Мастерс серијата, а во финалето го чека Роџер Федерер кој во полуфиналето го победи Енди Мареј со 6:4, 7:6.
Федерер ја забележа петтата последовна победа над Мареј и во меѓусебниот скор сега води со 14-11.
Финалниот меч во Синсинати помеѓу Џоковиќ и Федерер ќе се одигра во 20 часот, а во меѓусебните дуели резултатот е израмнет 20-20, но Новак ги доби нивните последни три пресметки.