Даваат 120 милиони за трагичарот на СП – Јунајтед подготвува мега трансфер!

Loading

Германски Билд денеска пишува дека Ајнтрахт од Франкфурт наскоро ќе добие официјална понуда од Манчестер Јунајтед за францускиот репрезентативец Рандал Коло Муани.

фото: Getty

Понудата наводно би можела да достигне 120 милиони евра, а претходно челниците на Ајнтрахт јасно кажаа дека би можеле да го ослободат 24-годишниот Муани доколку добијат понуда поголема од сто милиони.

Претходно се зборуваше дека за овој играч е заинтересиран и ПСЖ, но парижаните не дадоа официјална изјава за тоа.

Коло Муани има важечки договор со Ајнтрахт до јуни 2027 година, а претходно во кариерата настапуваше за француските клубови Нант и Булоњ.

На неодамнешното Светско првенство, Коло Муани беше еден од француските трагичари во финалниот натпревар против Аргентина.

На тој натпревар не реализираше две одлични шанси, кои можеа да го сменат исходот, според кои Аргентина стана нов светски првак.

Коло Муани моментално е четврти стрелец во Бундеслигата со 11 голови. Гледајќи ги сите натпреварувања оваа сезона, францускиот напаѓач постигна 16 гола и 14 пати асистираше.