Го прашаа Пеп дали Сити е најдобар во Европа – Рече НЕ, има едни момци кои играат подобро од нас!

Loading

Манчестер Сити го декласираше Лајпциг со 7:0 во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите и на тој начин се пласираше во најдобрите осум на спектакуларен начин.

Ерлинг Халанд постигна пет гола и цела фудбалска Европа му се восхитува на норвешкиот гениј, но и на играта на избраниците на Пеп Гвардиола.

На прес-конференцијата по натпреварот, Каталонскиот тренер се заблагодари за пофалбите, но рече дека има еден тим кој игра подобар фудбал од Сити. Се работи за Наполи.

,,Наполи е можеби најдобриот тим во Европа оваа година, а неговиот стил на игра е многу блиску до Арсенал“, изјави Пеп.

Вечерва од 21 часот, Наполи на домашен терен го игра реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Ајнтрахт.

Во првиот натпревар во Германија, Наполи победи со 2:0.