Во екот на борбата за „превласт“ на Јадранот, се појави информација дека Кевин Пантер на крајот од сезоната го напушта Партизан….
Како што пишуваат српските медиуми еден од најдобрите играчи во тимот Жељко Обрадовиќ решил да си замине иако има договор за уште една сезона!
,,На 1 јули Кевин го откажува станот и од тој датум повеќе нема да биде во Белград. Тој веќе се поздравил со соседите и познаниците и им кажал дека го напушта Партизан. Пантер живееше во Белград, но таму немаше мир, бидејќи обожавателите и симпатизерите на црно-белиот тим скоро секој ден го среќаваа на улица и го молеа за автограми и фотографии. Не можејќи да оди на мир во ресторанот, решил да се пресели во блокот А. Неговите соседи тврдат дека им се доверил и дека наскоро заминува, бидејќи веќе го откажал станот“.