(ВИДЕО) Тој ден сакаа да ја забранат Формула 1 – За 24 часа загинаа двајца Ф1 пилоти!

Loading

Поранешниот сопственик на Формула 1, Берни Еклстон, откри дека имало и такви кои мислеле дека смртта на Бразилецот Сена ќе доведе до забрана на целиот спорт.

Сена излета на свиокот во Имола со брзина од 307 км/ч и удри во бетонскиот ѕид, а неколку часа подоцна почина во болница во Болоња.

Тој викенд во Имола ја имавме и смртта на младиот Австриец Роланд Раценбергер и беше јасно дека челниците на Формула 1 ги игнорираа апелите на навивачите (како и на самите возачи) да се одложи трката.

„Беше ужасен викенд… Ако размислите за тоа што се случи, Роланд Раценбергер удри и не можеше да излезе од автомобилот, а потоа Сена, мислам дека такво нешто никогаш нема да се повтори“, рече Берни Еклстоун три децении подоцна и откри што го загрижувало во тој момент.

„Тогаш претседателот на ФИА, Макс Мозли, ми рече дека верува дека е крај на Формула 1. Му реков, мислам дека не си во право и ќе видиме. Се надевавме дека нема да се случи тоа што го мислеше Макс, тоа беше само несреќа. Не беше добар викенд, а сега се чини дека немаа среќа…“, додаде Еклстоун за трката што продолжи 40 минути подоцна, во кој победи Михаел Шумахер, додека Сена умираше во болница.

„Што требаше да направиме, да ја прекинеме трката? Мислам дека не беше паметно. Тоа не би му помогнало на Сена на никаков начин. Кога се случуваат вакви работи, тие се случуваат толку брзо што немаш ни време да размислиш. Зборувајќи законски гледано, требаше да се прекине трката затоа што знаевме дека некој умрел во трката дека поради тоа ништо друго не доаѓало во предвид“, објаснил 93-годишниот бизнисмен со надеж дека никогаш повеќе нема да се случи кобниот викенд во Имола.

Од смртта на Аиртон Сена, имаше многу повеќе несреќи на патеката, но ниту една – барем официјално – не резултираше со смртни случаи.

Секако, не треба да заборавиме дека Жил Бјанки имаше страшна несреќа пред една деценија на Јапонското ГП, а потоа девет месеци подоцна почина во болница.

Во меѓувреме беше претставена нова технологија „хало“ која веќе спаси неколку животи….