Дали ЕВРО 2016 за Лука Модриќ е завршено?!

Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ се повреди во 60-тата минута игра против Чешка и како што стојат работите тој сигурно нема да настапи против Шпанија во третото коло од ЕУРО 2016.

лука

,,Повредата на Лука е сериозна, има истегнување на мускулот и мислам дека воопшто нема да конкурира за место во тимот за дуелот со Шпанија.

,,Отечен му е мускулот и потребни се два-три дена мирување за да биде подготвен за осминафиналето, изјави Борис Немец, лекар на хрватската фудбалска репрезентација.

Па така местото на Модриќ за натпреварот со Шпанија ќе го заземе Матео Ковачиќ, кој е исто така играч на Реал Мадрид.

Хрватска во првото коло ја победи Турција со 1-0, а во второто испушти сигурна победа против Чешка, имаше водство од 2-0, но на крај натпреварот заврши 2-2.

лука повреда

На хрватите им треба еден бод за пласман во 1/8 финалето на ЕП 2016 во Франција.