Чудесниот Ерлинг Халанд – Тој што тоа го направи се нема случено дури 92 години!

Loading

Ерлинг Халанд продолжи да ги радува фудбалските фанови ширум светот со уште едно фантастично достигнување.

фото: REUTERS/Marcelo Del Pozo

За време на својата прва сезона на островот, Халанд успеа да собори голем број рекорди, а сега стана првиот фудбалер од елитното фудбалско ниво во Англија кој постигнал 50 или повеќе голови во една сезона во сите натпреварувања, од 1931 година!

Тешко е да се изброи колку врвни централни напаѓачи поминале низ англискиот фудбал во период од 92 години, но ниту еден не успеал да го стори тоа.

Овој учинок Норвежанецот го оствари на гостувањето кај Фулам во 34. коло од Премиер лигата. Тој од пенал им донесе предност на „граѓаните“ и го постигна 34-от гол во ова натпреварување.

Погоди уште 12 пати во Лигата на шампионите, три пати во ФА Купот и еднаш во Лига купот.

Претходно во април, Халанд стана рекордер на сите времиња по голови во Премиер лигата во сите натпреварувања во една сезона.

Бројката од 45 е нешто што на никој не му успеало од создавањето на Премиер лигата (во 1992 година).

Не заборавајте, тој е млад фудбалер… Ерлинг Халанд во јули ќе го прослави својот 23-ти роденден.