БРАВО ДЕВОЈКИ: Македонија ја тресна Грција и избори бараж за СП во ракомет!

Loading

Женската ракометна селекција на Македонија со 100% учинок ги заврши квалификациите за Светското првенство кои се играа во Скопје.

Така Македонија со три победи без пораз обезбеди бараж за Мундијалот. Пресудна за победата на Македонија беше одбраната на Мицевска во последите секунди со што ја победивме Грција од 20:19.

Македонија имаше слабо прво полувреме, но нашите ракометарки одиграа многу подобро во вториот дел и со пресврт стигнавме до победа над аутсеајдерот Грција.

Во нашиот состав најмногу голови повторно имаше Сара Ристовска, вкупно 10, а 9 одбрани на голот имаше Јована Мицевска.

Македонија утре ќе го дознае противникот во баражот.

Дали ќе имаат среќа при ждребот нашите рекометарки останува на видиме…