По 30 години слава и успех, претседателот на Милан Силвио Берлускони реши да го продаде фудбалскиот клуб од Милано.
Контроверзниот бизнисмен и поранешен италијански премиер, продажата на Милан ја потврди за италијанските медиуми.
Новинарите го сочекаа Берлускони пред една болница, по успешната операција на абдомалната аорта на срцето.
„Да готово е се. Милан го продадов на кинески бизнисмени, но тоа го направив под еден услов.
Во договорот стои дека Кинезите, во наредните две години ќе мора да потрошат 400 милиони евра на засилувања, со цел Милан да го вратат на шампионските патеки“, изјавил Берлускони и им порача на сите ривали, светот повторно ќе стравува од Милан.