21 месец казна затвор за Лео Меси!

Лионел Меси е осуден на 21 месец затвор, за даночна измама, а освен тој осуден е и неговиот татко, кој бил одговорен за финансиските работи, на прославениот фудбалер.

меси пенал

Синот и таткото Меси беа обвинети дека со даночната измама што ја направиле во периодот меѓу 2007 и 2009 година, ја оштетиле шпанската држава за 4,1 милион евра прикриен и неплатен данок.

Двајцата ќе треба да платат и висока парична казна затоа што користеле „оф шор“ фирми во Белизе и во Уругвај, за да ја прикријат вистинската заработувачка на фудбалерот Меси од објавувањето и печатењето на неговите фотографии.

Во текот на истрагата како и за време на судењето, Лионел Меси се бранеше дека тој не знаел ништо за тоа како се водат и се уредени неговите финансиски состојби, препуштајќи му го тоа на татко му.

Мали се шансите, Меси да се најде во затвор и да ја издржува затворската казна, а шпанските правосудни закони предвидуваат казна помала од 2 години да може да се отслужи на условна слобода, што значи дека Меси нема да биде во затворска ќелија, но ќе мора да биде постојано надгледуван од специјален затворски службеник кој ќе види контрола за неговото вкупно однесување.