Шпанскиот првак Барселона доби уште една битка со Реал Мадрид кога се во прашање трансферите на играчи.
Португалецот Андре Гомеш кој се поврзуваше со трансфер во Реал се сели во Барселона.
Андре Гомеш од страна на тренерот на Реал, Зинендин Зидан беше посочуван како наследник на Лука Модриќ кој наскоро ќе наполни 31 година.
Реал работеше на реализиција на овој трансфер, но Португалецот во последен момент се премисли и ја прифати понудата на Барселона.
Инаку, Реал на Валенсија и понудил 35 милиони евра за Гомеш, играчот се согласил, но половина час подоцна челниците на Барселона испратиле понуда која не се одбива и играчот за врска ја сменил одлуката.
Барселона понудила околу 50 милиони евра за трансферот, а играчот ќе потпише петгодишен договор со каталонскиот клуб.
Андре Гомеш кариерата ја започна во Бенфика, од 2014 година е член на Валенсија, а беше дел од португалската селекција која во Франција неодамна ја освои првата европска титула.