Норвешкиот Бодо/Глимт со победа го почна настапот во Лига Европа откако на свој терен го совлада Порто со 3-2, а од овој меч ни доаѓа и еден интересен детаљ.
Имено, во пресрет на натпреварот, фудбалерите на Бодо/Глимт биле приморани на една од најкратките возења со автобус.
Правилата на УЕФА налагаа тимовите на европските натпреварувања да мора да стигнат заедно со автобус на мечот и тоа поради ТВ правата.
Па фудбалерите на норвешкиот клуб тргнале во 17:05 и минута подоцна стигнале пред стадионот. Автобусот поминал точно 220 метри….
Ова е вообичаена пракса кога тие играат во Европа.
„Во ред е. Кажано ни е дека мораме така и не се трудиме да го промениме тоа. Го паркирам автомобилот до автобусот, па влегувам во него и подготвен сум за мечот, но малку е смешно“, рече фудбалерот Хауге.
Неколку фудбалери живеат во близина на стадионот, но не можат да дојдат до него директно, туку мора да се качат во автобусот.