(ФОТО) Вечерва деби настап во ЛШ на ЦЕВ за одбојкарките на шампионот Работнички

Loading

Во салата Парк во Струмица, нашите шампионки одбојкарките на Работнички ги очекува деби настап во ЛШ на ЦЕВ.

Работнички за противник ќе го има романскиот шампион Волунтари, кој во двомечот со нашиот шампион ќе ја има улогата на фаворит. 

Тоа ќе биде голем предизвик за Работнички во својот деби настап да го осетат духот и фактот како е да се игра во најсилното европско натпреварување.

„Ќе биде голем презвик за нас настапот во ЦЕВ Лигата на шампионките. Лани одигравме две средби со екипа од Романија во ЦЕВ Купот и тоа беше големо искуство за нас. И настапите во репрезентацијата ни помагаат да добиеме поголемо искуство пред овие натпревари. Се надеваме дека публиката во Струмица ќе дојде да не бодри на овој натпревар од кој треба да добиеме уште поголемо искуство. Романската екипа е фаворит, но ќе се обидеме со максимална борбеност да дојдеме до добар резултат. Сепак нашата екипа е составена од млади одбојкарки“, изјави Баталаковска.

 Турчинот Акинчи и бугаринот Јовчев ќе бидат судии на мечот во Струмица.