На машкиот дел од тенискиот гренслем Австралија опен позната е првата полуфинална двојка.
По 45-ти пат досега ќе се сретнат Новак Џоковиќ и Роџер Федерер, а до таму и двајцата стигнаа по победите во 1/4 финалето против Кеи Нишикори и Томас Бердих со 3-0 во сетови.
Џоковиќ беше поуспешен од Кеи Нишикори со 6:3, 6:2, 6:4, а Федерер го победи Бердих со 7-6, 6-2 и 6-4 за пласман во полуфиналето на Австралија Опен.
Меѓусебниот скор е израмнет 22-22, а кој ќе победи во полуфиналето ќе го има водството во дуелите досега.
Вториот полуфинален пар ќе биде познат утре кога во 1/4 финалето ќе се сретнат, Ферер-Мареј и Раониќ-Мофилс.
Инстерти од 1/4 финалните дуели…