Видео: Требаше да биде дерби, но Г.Стејт со +30 го победи Сан Антонио!

Loading

9 средби се одиграа во НБА лигата.

san-antonio-spurs-v-golden-state

Во дербито на западот шампионот Голден Стејт го декласираше Сан Антонио со +30 разлика 120:90.

Натпреварот требаше да биде дерби на лигата на најдобрите тимови оваа сезона во лигата и тимови кои имаат најмногу победи досега.

Но, Спарси нагости почуствуваа кој шампион од минатата сезона и кој е тимот кој оваа сезона има само 4 порази на половина од лигата оваа сезона.

Во Оукленд спарси загубија со +30 разлика, а Стеф Кари си поигра со одбраната на Спарси постигнувајќи 37 поени за 28 минути на теренот.

Двоцифрен ефект имаа и Раш и Ливингстон со постигнати по 13 коша, Спеитс 12, а Томпсон и Грин по 11 поени.

Сакраменто загуби од Шарлот, по две продолженија со 128:129, иако Демаркус Казинс постигна 56 поени за кралевите. Сепак победата на Шарлот му ја донесе Дениелс, кој на 9 секунди до крајот постигна тројка и мечот го заврши со 28 поени.

Во дербито на истокот Мајами нагости го победи Чикаго со 89-84 и ја прекина серијата од 4 порази по ред.

Двејн Вејд беше предводник на Мајами во победата над Булси со 28 поени и 7 скока, додека кај Чикаго По Гасол беше најпрецизен со 19 поени и 17 скока.

Во другите средби Денвер-Атланта 105:119, Мемфис-Орландо 108:102, Њу Орлеанс-Хјустон 111:112, Кливленд-Минесота 114:107, Вашингтон-Бостон 91:116 и Јута-Детроит 92:95.

За вечерва предвидени се 8 средби.