AUS Open 2016: Џоковиќ, Федерер, Серена Вилијамс и Шарапова експресно во 3.коло

Loading

На тенискиот грен Австралија опен се играат натпреварите од 2.коло.

australian-open2016

Федерер, лесно избори пласман во третото коло благодарение на одличниот сервис славеше над Александар Долгополов со 6:3, 7:5, 6:2.

Федерер имаше 25 ас сервиси и ја забележа 299-та победа на Грен слем турнирите. Федерер во 3.коло ќе игра против Григор Димитров кој во четири сета го победи Аргентинецот Трунгелити.

Второто коло во три сета го минаа Чилиќ, Нишикори, Бердих и Тим, додека максимални пет сета за пласман во третото коло мораа да одиграат Баутиста против Лајовиќ, односно Жил Симон против Донској, а последен обезбеди 3.коло и Новак Џоковиќ.

Кај дамите, првата носителка, Серена Вилијамс, рутински славеше над Су Веј Хсје со 6:1, 6:2 и во наредната рунда за противничка ќе ја има Дарја Касаткина која со 6:4, 6:3 славеше во дуелот со Ана Коњух.

Победи во второто коло забележаа Бондаренко која ја елиминира Кузњецова, односно Шарапова, Винчи, Бенчиќ и Суарез Наваро, Младеновиќ, Гаспарјан, Куличкова и Радванска.