Диего Коста не е среќен во Челзи, и сака да замине од Стемфорд Бриџ и одново да настапува под водство на Диего Симеоне во тимот каде и ја стекна големата слава Атлетико Мадрид.
Се чини дека желбата на репрезентативецот на Шпанија ќе биде исполнета во скоро време, а првиот човек на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо сега потврди дека тие преговараат за ангажман на Диего Коста и напаѓачот е многу блиску до враќање на Висенте Калдерон.
„Многу го сакаме Диего Коста, морам да признам” – вели Серезо. „Разговаравме со играчот и работиме на негово враќање. Блиску е до Атлетико Мадрид, но во моментов не можам да кажам ништо повеќе”.
Останува да видиме како ќе се одвиваат работите околу враќањето на Диего Коста во Атлетико.