Италијанскиот менаџер Роберто ди Матео доби отказ од Астон Вила по само 124 дена.
Како кандидати за негов нов менаџер се споменуваат имињата на Стив Брус и Мик Мекарти.
Челниците на екипата која минатата сезона испадна од Премиер лигата и имаа амбиција експресно да се вратат во елитното друштво.
Но не можеа да бидат задоволни со само 1 победа на 11 натпревари и разочарувачка 19-та позиција.
Ди Матео, е некогашен италијански репрезентативец и фудбалер на Лацио и Челзи.
Како тренер работел во Милтон Кејнс Донси, Вест Бромвич, Челзи со кој ја освои Лигата на шампионите и ФА купот, а беше и тренер на Шалке.