Жозе Мурињо е нов менаџер на Манчестер Јунајтед!?

Жозе Мурињо се договорил со менаџментот на Манчестер јунајтед, да ја превземе тренерската функција во клубот.

murinjo man utd

Извори од Португалија ја потврдиле точноста на информацијата, а менаџерот на Мурињо Жорге Мендеш има одлични конекции со „ѓаволите“ од Манчестер, па така пристигнувањето на „специјалниот“ на Олд Трафорд е само прашање на време.

Мурињо доби отказ од Челзи и во истиот момент започна да се шпекулира дека тој ќе го наследи Луи ван Гал во Јунајтед, кој поради лошите резултати се наоѓа под огромен притисок од навивачите и светската јавност.