Во кошаркарската Евролига започнаа натпреварите од 3.коло во ТОП 16 фазата.
Најинтересно беше во Истанбул каде Фенербахче со пресврт славеше над рускиот тим Локомотив Кубан со 85-79.
Мечот се реши во завршните 10 минути кога Фенербахче имаше негатива од 9 поени, а домаќините со одлична игра и шут за три поени се вратија во мечот и стигнаа до победата.
Богдановиќ со 18, Весели со 17 и Датоме со 16 поени беа најефикасни кај турците, додека Перо Антиќ уфрли 8 поени. Кај гостите најефикасен беше Клавер со 21 поен.
Црвена Звезда со голема победа се враќа од Атина каде изненадувачки го победи Панатанаикос со 63-74. “Црвено белите” ги добија сите четвртини и имаа водство во текот на целиот натпревар па така со оваа победа останаа во игра за наредната фаза.
Најефикасен кај гостите беше Цирбес со 12 поени, а Лажиќ и Штимац уфрлија по 11. Гист уфрли 15, а Фелдин и Радуљица по 12 коша за Пао.
Цска Москва откако го победи Реал, славеше и над Барселона со 93-82. Хигинс со 20 поени и Воронцевич и Теодосиќ со 16 беа главните адути кај русите. Додека кај Барселона најефикасен беше Наваро со 16 поени.
Уникаха ја уништи Цедевита со 90-67. Сите 12 играчи во Шпанскиот состав постигнаа поени на овој натпревар, а најефикасен беше Кузминскас со 17 поени, следуваа Диез со 16 и Суарез со 11.
Нашиот репрезентативец Хендрикс постигна 5 поени. Кај Хрватите Бабиќ со 24 поени беше најефикасниот играч.
За вечерва предвидени се исто така 4 средби Кимки-Лаборал, Ефес-Дарушафака, Олимпијакос-Бамберг и Реал Мадрид-Жалгирис.