Видео: Г.Стејт се рехабилитираше против Лејкерс, Спарс го доби дербито со Кливленд, Чикаго им се врати на победите!

Во НБА лигата се одиграа 6 средби.

Cavs-Spurs

Голден Стејт славеше победа над Лајкерс со 116-98. Стеф Кари даде 26 поени, Ливингстон постигна 17 поени, а Барбоса 15 поени. Кај Лејкерс  најефикасен беше Кларксон со 22 поени, а ветеранот Коби Брајант уфрли само 8 поени.

Тимот на Сан Антонио стигна и до 23-тата победа по ред пред своите гледачи, откако во дербито го победи тимот на Кливленд со 99-95.

Паркер со 24 поени беше најуспешен кај “Спарси”, додека Леонард запиша 20 поени и 10 скокови. Леброн Џејмс даде 22 поени, 5 асистенции и 7 скокови не успеа да го спаси Кливленд од пораз.

Чикаго по трите порази по ред конечно победи против аутсајдерот Филаделфија по едно продолжение со 115-111.

Бaтлер беше неверојатен и уфрли 53 поени за Чикаго и 10 скокови. Кај Филаделфија Ковингтон уфрли 25 поени и запиша 1 асистенција и 6 скокови, а Смит 24 поени, 8 асистенции и 4 скокови.

Во другите средби Орландо-Торонто 103-106 по едно продолжение, Мемфис-Детроит 103-101 и Јута-Сакраменто 101-103.

За вечерва 9 средби на програмата во НБА лигата.