Видео: Со 9-ка во голот на Троја, ПСЖ стигна до 4-тата титула по ред во Франција!

Loading

Фудбалерите на ПСЖ ја освоија четвртата по ред титула во француската Лига 1.

psg222

ПСЖ ја оствари 24-тата победа во националното првенство и стигна до недостижните 25 бодови предност во однос на второпласираниот Монако на 8 кола пред крајот.

Избраниците на Лоран Блан ја совладаа екипата на Троја нагости со огромн 9-0 и благодарејќи на ремито на „кнезовите“ направија историски подвиг.

ПСЖ ја освои шестата титула како шампиони во Франција, со 9 трофеи во Купот на Франција, 5 во Лига купот и исто толку во натпреварувањето за трофеј за шампионите.

Освен тоа клубот од престолнината во своите редовни натпревари го има и најдобриот стрелец, Златан Ибрахимовиќ кој постигна вкупно 27 голови, 14 повеќе од својот прв следбеник Миши Батшуаји.

psg111

ПСЖ има шанса да сторат нешто повеќе во Лигата на шампионите каде со триумфот над Челзи од 4-2 се пласираа во четврт-финалето.

Погледнете ги сите 9 гола на ПСЖ…