Видео: Нова победа на Лестер во премиер лигата, минимално совладан и Њукасл!

Loading

Фудбалерите на Лестер во последното коло од премиер лигата стигнаа до нова победа и на 8 кола до крајот се уште се наоѓаат на првото место со 5 бода повеќе од второто пријатно изненадување сезонава, Тотенхем.

Okazaki

Арсенал и Манчестер Сити, со по меч помалку, се на минус 11 односно 12 бода во однос на лисиците.

До новите +5 во однос на Спарси тимот на Клаудио Раниери стигна со домашна победа, од минимални 1:0 над гостите од Њукасл.

Меч на кој нивен херој, за промена, беше Шинџи Оказаки со голот постигнат со „ножички“ во 25. минута.

lester1

На патот до историјата на Лестер му стојат уште само 8 ривали, а тоа се Кристал Палас, Сандерленд, Манчестер Јунајтед и Челзи, на кои тие им гостуваат и Саутемптон, Вест Хем, Свонси и Евертон кои ги пречекуваат пред своите навивачи.

Погледнете ги ножичките на Оказаки…