Фудбалерите на ПСЖ ја освоија четвртата по ред титула во француската Лига 1.
ПСЖ ја оствари 24-тата победа во националното првенство и стигна до недостижните 25 бодови предност во однос на второпласираниот Монако на 8 кола пред крајот.
Избраниците на Лоран Блан ја совладаа екипата на Троја нагости со огромн 9-0 и благодарејќи на ремито на „кнезовите“ направија историски подвиг.
ПСЖ ја освои шестата титула како шампиони во Франција, со 9 трофеи во Купот на Франција, 5 во Лига купот и исто толку во натпреварувањето за трофеј за шампионите.
Освен тоа клубот од престолнината во своите редовни натпревари го има и најдобриот стрелец, Златан Ибрахимовиќ кој постигна вкупно 27 голови, 14 повеќе од својот прв следбеник Миши Батшуаји.
ПСЖ има шанса да сторат нешто повеќе во Лигата на шампионите каде со триумфот над Челзи од 4-2 се пласираа во четврт-финалето.
Погледнете ги сите 9 гола на ПСЖ…