Голден Стејт го доби дербито пред своите гледачи во „Оракл арената“ со Кливленд. Актуелниот шампион го совлада најдобриот тим на Истокот со 89:83 во реприза на ланското НБА финале добивајќи го мечот во пенал завршница.
Првиот играч на гостите Леброн Џејмс промаши три слободни фрлања и имаше „ер бол“ во последните 90 секунди доволни за пораз на Кавси во клучните моменти.
На спротивната страна Стеф Кари и Андре Игудала тоа го казнија и ја обезбедија 14 победа по ред во Оукленд или вкупно 32.
Играч на натпреварот во домашниот тим беше Дрејмонд Грин со 22 поена, 14 скокови и 7 асистенции. Кари уфрли 19 додека Клеј Томпсон 18.
Кај Кливленд Леброн Џејмс беше прв стрелец со 25 поени.
Па така Голден Стејт е убедливо прв во НБА лигата со 28 победи и 1 пораз, додека Кливленд остана лидер во Источната конференција со 19 победи и 8 порази.