Фудбалерите на Реал Мадрид и Волфсбург со победи се враќаат од гостувањата во Италија и Белгија кај Рома, односно Гент и направија голем чекор кон пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Реал мадрид, во Рим, славеше над Рома со 2:0. Реал тешко се справуваше со двојниот дефанзивен блок на Рома во првото полувреме, а во второто Кристијано Роналдо во 57.минута со прекресен удар од 20-тина метри го совлада голманот Шчесни за 1-0.
Од тој момент натпреварот се ‘отвори’, двата тима имаа неколку сериозни шанси за гол, а конечниот резултат го постави Хесе во 85.минута за конечни 2-0 за Реал.
На вториот меч, Волфсбург 99% е веќе во четвртфиналето откако со 3-2 го победи Гент. Германците имаа и водство од 3-0, а германскиот репрезентативец Јулијан Дракслер блескаше со головите во 44. и 55.минута, а 0:3 на Волфсбург му донесе Крусе со голот во 62.минута.
До крајот на натпреварот Гент со два гола го ублажи поразот, стрелци беа Кумс во 80-та и Кулибали во 89.минута.
Реванш средбите се играат за две недели.
ИНСЕРТИ од натпреварите…