Видео: Реал Мадрид и Волфсбург ги потврдија пласманите во 1/4 финалето

Loading

Тимовите на Реал Мадрид и Волфсбург се првите учесници во чествртфиналето во Лигата на фудбалските шампиони.

milano 20161

Тие и во реваншите против Рома и Гент стигнаа до победи и само го потврдија пласманот во следната фаза.

Реал Мадрид шеста сезона по ред е меѓу најдобрите осум, додека Волфсбург го постигна најголемиот клупски успех.

Реал со вкупни 4:0 ја елиминира Рома, додека Волфсбург двомечот со Гент го доби со 4:2. Рома, иако во Мадрид допатува со негатива 0:2, имаше шанси да избори поволен резултат, но напаѓачите на ‘волчицата’ не знаеја да го совладаат Кејлор Навас.

Реал сурово ја казни Рома за промашувањата, во само четири минути постигна два гола преку Кристијано Роналдо и Хамес Родригез со што го реши мечот.

На вториот меч Волфсбург во реваншот не ризикуваше премногу и успеа да победи со 1:0. Единствениот гол го постигна Ширле во 76.минута.

Вечерва ќе се одиграат нови две реванш осминафинални средби, Челзи ќе го пречека ПСЖ на Стемфорд Бриџ, а францускиот тим има предност од 2:1, додека Бенфика во Русија, против Зенит, ќе ја брани предноста од 1:0.

Останатите две реванш средби од осминафиналето се играат следната недела.