Во регионалата АБА кошаркарска лига се одиграа неколку натпревари од 17.коло.
Црвена звезда ја оправда фаворитската улога на гостувањето во Словенија кај Тајфун и забележа победа од 73-63.
Најефикасен кај белграѓани беше Јовиќ со 14 коша, а 11 даде Гудуриќ, додека кај Тајфун Братош даде 16, а Понјавиќ 14 коша.
Вториот белградски клуб Партизан доживеа нов пораз вкупно трет по ред, а загуби на домашен терен од Игокеа со 73-66 со што ја продлабочи резултатската криза во која се најде во последниов период.
Партизан одлично го започна мечот каде уште во првата четвртина направи двоцифрена предност, а на полувреме имаше и +5 позивитива.
Сепак Игокеа во второто полувреме се врати во игра и со голем пресврт успеа да стигне до победата што за нив беше 6-та во оваа сезона.
На тој начин Игокеа ја прекина серијата порази од 6 натпрвари по ред.
17 коло ќе се комплетира со останатите три средби МЗТ Скопје-Мега Лекс, Задар-Будучност и Олимпија-Цибона.