Видео: Специјална порака од Мајкл Џордан за Коби Брајант

Loading

Пред дуелот помеѓу Шарлот Хорнетси и ЛА Лејкерси, кој воедно беше последниот за Коби Брајант во Шарлот, сопственикот на клубот Мајкл Џордан имаше посебна порака за суперстарот на Лејкерси.

kobe1

Најдобриот кошаркар на сите времиња и идол на Коби, сега ја има улогата на прв човек на тимот од Шарлот, позиција од која тој ја сними и специјалната порака за Брајант кој по крајот на оваа сезона ќе замине во кошаркарска пензија.

Токму тимот на Шарлот го драфтуваше Коби Брајант во НБА лигата, но потоа направи голема грешка испраќајки го во ЛА Лејкерс за Владе Дивац.

Брајант мечот го заврши со 20 поени во новиот пораз на Лејкерси, овој пат од 98:108 по одличната вечер на Кемба Вокер и неговите 38 поени.