Рамирез замина од Челзи и кариерата ќе ја продолжи во Кина

Бразилецот Рамиреш си замина од Стемфорд Бриџ и кариерата ќе ја продолжи во Кина во тимот на Џангсу Сунинг за сума од 30 милиони евра.

Ramires

Рамирез во Челзи пристигна во 2010 година од Бенфика за 20 милиони евра, а во октомври тој потпиша нов, четиригодишен договор со екипата од „Стенфорд Бриџ“.

Сепак оваа сезона не беше стандарден во тимот, одигра само 7 натпревари како стартер, поради што Челзи се реши да го продаде и да заработи на неговиот трансфер.

Џангсу минатата сезона ја заврши на деветтото место во кинеската Суперлига, но оствари историски успех освојувајќи го Купот на оваа земја.

Легендарниот Романец Дан Петреску, е менаџер на Џангсу, кој инаку е поранешен дефанзивец на Чeлзи.