Видео: Нова петарда на Барселона за нов рекорд во Шпанија!

Loading

Фудбалерите на Барселона забележаа нова победа во шпанската примера лига.

ray-bar

Тие на гостувањето во Мадрид го победија тимот на Рајо Ваљекано со високи 5:1 и поставија нов рекорд во шпанскиот фудбал.

Избраниците на Луис Енрике на 35 натпревари по ред се непоразени со што го соборија рекордот на Реал Мадрид од сезоната 1988/1989.

На „Ваљекас“ Меси постигна ’хет трик’, Арда Туран го постигна првиот гол во дресот на Барселона, а мечот мина и во знакот на лошото судење на арбитрите предводени од Ињаки Биканди.

На 1-0 отвори Ракитиќ во 21.минута, а веќе во следната минута Барселона поведе со 2:0, но голот на Меси не беше регуларен, бидејќи асистентот Нејмар, во моментот кога доби топка од Иниеста беше во офсајд.

Победникот практично беше решен во финишот на првиот дел кога Љоренте, поради старт врз Ракитиќ, доби директен црвен картон.

ray-bar1

Во второто полувреме Меси зголеми на 3:0, а веднаш потоа Манучо ја продолжи својата голгетерска серија и намали на 3:1.

Барселона потоа доби пенал, а поради прекршокот Итура доби црвен картон. Главниот судија и тука направи голема грешка бидејќи Бускетс, во моментот кога се обидуваше да постигне гол беше во офсајд.

Но голманот Хуан Карлос го одбрани пеналот кој го изведе Луис Суарез, а уругваецот втор пат во низа не реализириаше пенал во шпанското првенство што за Барселона беше 7-миот промашен пенал во сезоната.

Потоа Меси го комплетираше ’хет трикот’, а Арда Туран, со својот прв гол во дресот на Барселона, го постави конечниот резултат од 5-1.

Погледнете ја новата петарда на Барселона…