Тимот на Милан одигра реми 2-2 кај Емполи и не успеа да стигне до нова победа во Серија А и да се израмни со Рома на табелата.
Во рамките на 21. коло составот на Синиша Михајловиќ во два наврати го имаше водството, но на крајот домаќините два пати израмнија и успеаја да извлечат бод.
Росоњерите поведоа преку Бака уште во 8. минута, но Зиелински израмни во 32. минута за 1-1 на полувреме.
На стартот од второто полувреме, повторно Милан поведе со голот на Бонавентура во 48. минута, но пораз на Емполи не дозволи капитенот на тимот Макароне, кој во 61. минута ги постави конечните 2-2.
По оваа средба Милан има 33 бода и се наоѓа на 6-тото место на табелата, а Емполи остана на 8-то место со бод помалку од Милан вкупно 32 бода.
Инсерти од натпреварот Емполи – Милан 2-2…