Норвешка ја шокираше Полска, а Македонија ги загуби шансите за 1/4 финале!

Loading

Норвешка приредија уште едно вистинско изненадување на ЕП 2016, откако во преполната Таурон арена го победија домаќинот Полска со 30:28.

norway

Норвежаните, во втората фаза влегоа со максимални четири бода, пред 15-илјадната публика во Краков, покажаа дека нивната победа над Хрватска во првиот круг не беше случајна, а полјаците, видоа брз, модерен ракомет и цврста скандинавска одбрана 6-0.

Полска водеше со 5:2, но во последните 7 минути Норвешка успеа да поведе, потоа и да создаде предност од три гола, а на полувреме да замине со минимална предност од 15:16.

Во вториот дел имаше голема борба, но Норвешка не ја испушти предноста, која се движеше од еден и три гола, а Полска не успеа да ја достигне.

Брилијантен меч одигра надворешната линија на Норвешка: Хансен постигна 8, Тонесен 6, Јоендал 5, а Сагосен 4 гола и во целост ја добија битката со Бјелицки и Јурецки кои за Полска постигнаа 10, односно 9 гола.

norway3 norway1

Норвашка и Полска следните натпревари ќе ги одиграат на 25.јануари, Норвежаните за противник ќе ја имаат Македонија, додека Полјаците ќе играат против Белорусија.

За Македонија ова значи елиминација во борба за 1/4 финале и пласман меѓу најдобрите 8 во Европа, а и олимпискиот сон ни е се подалеку.