Екипата на Милан оствари победа во првиот полуфинален меч од италијанскиот куп откако нагости ја победи Александрија со 1-0.
Милан е веќе со една нога во финалето на Купот на Италија, патува со предност на реваншот на Сан Сиро.
Стрелец на единствениот погодок за „росоњерите“ беше Марио Балотели од пенал во 43. минута од средбата.
Тој го одигра првиот натпревар за Милан по паузата од повеќе од четири месеци поради повреда. Алесандриа е најголемото изненадување во италијанскиот Куп, откако во претходните рунди ги елиминираше Палермо, Џенова и Специја.
Вечерва започнува првиот дел од втората полуфинална пресметка во која ќе се сретнат Јувентус и Интер.
Ревашите се закажани за 1 и 2 март.