Видео: Хирошима со Ривер Плата, Гвангжу со Барселона во 1/2 финалесто на Светското клубско првенство

Фудбалерите на Хирошима и на Гуангжу се пласираа во полуфиналето на Светското клупско првенство кое изминатиот викенд започна во Јапонија.

club world

Јапонскиот тим во четврт-финалето триумфираше над Мазембе со 3:0, а головите ги постигнаа Цукаса Шиотани во 44. минута, Казухики Чиба во 56. минута и Такума Асано во 78. минута.

Неизвесност имаше во дуелот меѓу Клуб Америка и Гуангжу, во кој првакот на Азија победи со 2:1, иако мексиканскиот шампион Клуб Америка поведе преку Орибе Пералта во 55. минута.

Во 80. минута Лонг Женг израмни, а победата за Гвангжу ја донесе Паулињо во третата минута од судиското продолжение.

Во полуфиналето кое на програмата се игра денеска Хирошима ќе игра со Ривер Плата, а следниот ден е второто полуфинале каде се среќаваат Барселона и Гуангжу.

Клуб Америка и Мазембе ќе се сретнат на 16 декември во натпреварот за петтото место.