Борусија Дортмунд, ги освои трите бода на гостувањето кај Менхенгладбах, со победа од 3:1.
‘Милионерите’, со оваа победа, го задржаа второто место на табелата во Бундеслигата и негативата од 8 бода во однос на лидерот Баерн Минхен, додека Борусија Менхенгладбах остана на четвртото место со 29 бодови.
Дербито го отвори Ројс во 41.минута, а 10 минути подоцна Михтаријан зголеми на 0:2. Рафаел, седум минути подоцна, ги врати надежите на домаќините дека можат да останат непоразени кога во 58 минута намали на 1-2.
Сепак сите дилеми околу победникот ги реши Гундоган во 75.минута за победа на Дортмунд од 1-3.
Ова се головите од дербито во Мехенгладбах…