Видео: Србија ја одбрани европската титула во ватерполо на свој терен!

Loading

Србија има причини денеска да слави откако на домашен терен пред своја публика во Белград го одбрани трофејот, шампион на Европа во ватерполо, пред повеќе од 15 илјади гледачи во „Белградска Арена“.

serbia-waterpolo

Србија во комшиското финале ја победи Црна Гора со 10:8 и стигна до златниот медал и одбрана на тронот.

Црногорците добро почнаа имаа предност од два гола разлика по првиот период, а по третата четвртина беше изедначено 6:6.

Победникот беше решен во последниот период кој им припадна на домаќините со 4:2 за големо славје во Арена.

Во малото финале и борбата за бронзениот медал, репрезентацијата на Унгарија ја победи Грција со 13-10.