Видео: Домаќините стигнаа до победи на трите средби во НБА лигата!

Loading

По Ол Старот во Торонто продолжи вториот дел од сезоната 2015/16 во НБА лигата каде се одиграа три средби.

nbafanmap

ЛА Клиперс славеше во дербито на западот против Сан Антонио со 105:86. Крис Пол беше најефикасен на мечот со 18 поени, 12 асистенции и 5 скокови кај Клиперси, а двоцифрен број на поени постигнаа уште тројца играчи: Крафорд 19, Редик 17 и Пирс 16.

Сан Антонио играше без Ленард, кој има проблеми со листот на ногата, а во негово отсуство тимот го предводеше Тони Паркер со 14 поени.

Во дербито на истокот Кливленд го совлада Чикаго со 106-95. Леброн Џејмс заврши со 25 поени и по 9 скокови и асистенции, а Кавси стигнаа до првата победа над Чикаго оваа сезона.

За Кливленд стрелци беа уште и Кевин Лав со 15 поени, 15 скокови и Тристан Томпсон со 16 поени, 10 скокови, додека Чикаго го предводеше Дерик Роуз со 28 поени.

Вашингтон ја победи Јута со 103:89 и во три дена ќе одигра исто толку натпревари. Марчин Гортат даде 22 поени, 10 скокови, а Џон Вол 17 поени, 11 асистенции за Вашингтон.

За вечерва предвидена е богата НБА програма зачинета со дури 14 натпревари.