Јоветиќ и Љајиќ заминуваат од Интер!

Loading

Интер нема да ги откупи договорите на Адем Љајиќ и Стеван Јоветиќ, ниту договорот на Бразилецот Алекс Телез.

<> at Appiano Gentile on October 23, 2015 in Como, Italy.

За откуп на тројцата играчи Интер ќе треба да издвои сума од 25 милиони евра, што е голема сума на пари особено ако Интер не избори пласман во Лигата на шампионите.

Љајиќ е најлесен за Интер, бидејќи Интер со Рома не потпишал никакви клаузули, така што српскиот репрезентативец ќе се врати на „Олимпико“, бидејќи има договор со Рома до 2017 година.

Јоветиќ, кој е играч на Манчестер Сити, во неговиот договор за позајмица постојат бонуси кои го активираат правото на откуп за 14,5 милиони евра, но доколку Интер ја спушти цената за Црногорецот тој може да остане на „Џузепе Меаца“.

И ситуацијата со Алекс Телес е слична, тој е играч на Галатасарај, но неговата откупна клаузула изнесува 8,5 милиони евра.

Интер би го откупил договорот на бразилскиот бек, но само доколку Галатасарај двојно ја намали сумата за откуп на неговиот договор.

Останува да видиме дали Интер ќе направи нешто со овие звучни имиња или ќе остане без нив во борба за што повисок пласман во Серија А.