Видео: Џоковиќ и Надал ќе играат во финалето на АТП турнирот во Доха

Loading

Новак Џоковиќ се погрижи за уште еден рекорд на кариерата на дуелот од полуфиналето на АТП турнирот во Доха, Катар.

Serbia's Novak Djokovic returns the ball to Tomas Berdych of Czech Republic at the Qatar Open 2016 semifinal match in Doha, Qatar, Friday, Jan. 8, 2016. (AP Photo/Alexandra Panagiotidou)

Ноле го обезбеди 16-тото финале по ред, а во полуфиналето тој го совлада Томаш Бердих 2-0 во сетови 6-3 и 7-6 и во финалето ќе се сретне со стариот ривал Рафаел Надал, кој претходно прослави победа во дуелот со Марченко.

Минатата сезона токму турнирот во Доха беше единствениот на кој Ноле не успеа да стигне до финалниот меч, па еве и тоа е исправено на почетокот од новата 2016 сезона.

nadal doha

АТП турнирот во Катар е подготовка за првиот Грен Слем турнир во годината, Австралија опен, чиј стар е закажан за 18. јануари и каде Џоковиќ ќе ја брани титулата од минатата година.